Фото: Ка.М.

Со едночасовен мирен протест и блокада на крстосница, околу 200 прилепчани го искажаа својот револт од неподносливата миризба што се шири во кругот на поранешната фабрика „11 Октомври“. Граѓаните велат дека некој свесно ги труе, дека имаат главоболки, дека се загадува животната средина.
Бараат проблемот да се реши најитно и да се открие виновникот-кој ги труе граѓаните.
НВО „Станица пет“ ги поддржаа граѓаните и велат дека доставиле барања до Народниот правобранител, до Државниот инспекторат за животна средина и очекуваат повратен одговор.
Инаку, од општина Прилеп, вчера информираа дека зеле материјали за анализи и очекуваат резултати. Ка.М.

Фото: Ка.М.
Фото: Ка.М.