Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива во Албанија, на претстојниот попис на населението во Албанија, кој ќе трае шест недели, почнувајќи од 18 септември.

– Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи, преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Македонија и Албанија, додаваат, се земји со исклучителни пријателски односи, а МНР ќе остане во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија.