На денешната средба на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со
претседателот на eврејската заедница во Македонија, Пепо Леви и
извршниот директор на Музејот на Холокаустот, Горан Садикаријо меѓу другото
се разговараше за тоа како да се стави во функција Пиоенерскиот дом во Битола,
кој е сопственост на eврејската заедница.

Пионерскиот дом, кој беше центар на културни збиднувања на најмладите во Битола и во кој функционираа голем број на пионесрки секции, а кој се наоѓа во строгиот центар на Битола, е реновиран со години седи заклучен.

На средбата со претставниците на Еврејската заедница која се одржа по повод 11 март – Денот на холокаустот на македонските Евреи, градоначалникот Коњановски, го отвори прашањето поврзано со Пионерскиот дом.

Заеднички беше констатирано дека, по завршувањето на потребните постапки поврзани со објектот, кои се веќе отпочнати од страна на сопствениците, ќе се разговара и за содржинското исполнување и функционалност на објектот, за што општината би дала поддршка, согласно законската можност. М.М.