Фото: З.А.

Вечерва во ликовниот салон на Центарот за култура во Кичево, по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, беше отворена групна изложба на уметници од градот. На изложбата беа представени ликовни творби на професорките Бенита Џелили, Мазламе Салиу, Лулзиме Османи, Леонтина Рушидоска, Валдета Ибиши и Шпетиме Садик.

-На изложбата што вечерва ја организиравме беа претставени повеќе дела во техника акрил на платно на седум уметнички од градот. Изложбата носеше работен наслов „За тебе“, што најсликовито асоцира на Меѓународниот ден на жената. Овој ден означува повик за акција за забрзување на родовата еднаквост. Темата на оваа изложба претставува разбивање на предрасудите, без разлика дали се намерни или несвесни. Впрочем предрасудите им го отежнуваат процесот на напредување на жените – потсети младата уметница Валдета Ибиши и дополни дека уметниците ги носат своите дела на различни начини, ја пренесуваат пораката дека тежината на женските сништа е единствената тежина што е важна.

Изложбата ќе биде отворена наредните седум дена. З.А.