Денот на културата 10 јуни во Македонски Брод беше одбележан со промоција на голем број на книги на роднокрајни автори.На промоцијата беа претставени шеесетина творби од дваесетина автори родум од Поречијата.Промоцијата се случи во Домот на културата.

– На денешната промоција на книги на роднокрајни писатели што ја организиравме во Домот на културата, беа претставени дела на дваесетина книжевни автори помеѓу другите и д-р Божидар Видоески, д-р Ивица Максимоски, Саво Костадиноски, Војче Китаноски, м-р Цуте Крајчески и други. На промоцијата беа застапени над 60 книжевни творби кои низ годините ги создале поречките мајстори на пишаниот збор. Во текот на оваа промоција беа читани извадоци од книжевните дела на овие автори, а љубителите на убавиот збор од Македонски Брод ќе можат да ја посетат изложбата на книги во наредните 8 дена – истакна промоторот, директорката на Домот на културата, Милена Стојческа.

Таа изрази голема благодарност до сите големи имиња чии дела биле застапени на оваа промоција и на сите останати што успеале да го прикажат Порече во светлината на пишаниот збор. З.А.