Фото: Зоран Антоски

Во село Премка, Кичевско, со црковно-народен собир денеска беше одбележана 150-годишнината од постоењето на црквата„ Свети Атанасиј “, која и по век и половина го задржала автентичниот изглед.

Денешното одбележување започна со утрена Богослужба и света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г-дин Тимотеј.

– Со црковно-народен собир денеска беше одбележана 150-годишнината од постоењето на црквата „Свети Атанасиј“. На ова одбележување во 8 часот беше отслужена утрена богослужба од страна на свештеници од кичевското архиерејско намесништво, а во 9 часот и света ахиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот дебарско-Кичевски г-дин Тимотеј. Истовремено беше извршено и примопредавање на кумството од страна на досегашниот кум Мико Савески на следниот кум Саше Ѓорѓијоски. Свети Атанасиј е селска слава во село Премка, а кумството е возобновено пред 5 години и така секоја година на овој празник Свети Атанасиј – летен, се менува кумот на црквата – вели Зоран Јованоски, претседател на М.З. село Премка, кој се обрати на собирот со историографија на црквата во родното село.

Од страна на црковниот кум и селаните беше обезбеден ручек за присутните на ова одбележување,а за добро расположение се погрижија пејачот Дарко Стојаноски со групата „Харизма“ и КУД „Бисер“ од Кичево.

Јованоски нагласи дека пред една деценија во црковниот двор изградена и нова камбанарија подарок од семејстввото на поранешниот репрезентативец во ракомет Лефко Наумоски.