ГЕВГЕЛИЈА

Во тек е првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование, во средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија. Првиот уписен рок започна на 14 јуни, од 12 часот и траеше до 19 часот. Запишување на учениците во првиот рок ќе се врши и денеска и утре, во согласност со изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават утре во периодот од 16 часот до 19 часот.
– Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година, во период од 7 часот до 19 часот и на 25 јуни 2021 година, во период од 7 часот до 15 часот, во согласност со изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година, во периодот од 16 часот до 19 часот. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година, во период од 7 часот до 19 часот, во согласност со изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година – информираат во Општината.

Во „Јосиф Јосифовски“ за учебната 2021/2022 година според утврдените наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик. Во гимназиско образование ќе се запишат 102 ученика во три паралелки, а за тоа се потребни минимум 55 поени. Во билингвалната паралелка има место за 34 ученици. Во угостителско-туристичка струка има место за 50 ученици. На насоката келнер / готвач има место за 25 ученици. На машинската струка може да се запишат 50 ученици во две паралелки, а кандидатите мора да имаат најмалку 45 поени. На струката автомеханичар / заварувач има место за максимум 25 ученици. Исто така упис има и во здравствената струка каде што може да се примат 25 ученици со минимум 70 поени.
– Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни – додаваат во Општината.

Условите за запишување на учениците во прва година се да имаат завршено основно образование, да не се постари од 17 години, да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование: гимназиско образование, стручно образование и обука, средно уметничко образование или средно образование за ученици со посебни образовни потреби.