На денешната онлајн седница, со 15 гласови против и 9 за, Советот на oпштина Битола ја отфрли иницијативата на опозицијата, локалната самоуправа да издвои милион денари за помош на самохраните мајки, кои се на возраст над 65 години, за справување со пандемијата.

Во образложението за таквата одлука се вели дека општина Битола нема надлежност за донесување на такви мерки и дека за таквата помош на лицата кои се справуваат со пандемијата надлежност има Општинската организација на Црвениот крст.

– Ние не го одбивме предогот на опозицијата за помош на самохраните мајки кои
се справуваат со пандемијата над 65 години, туку за нивно ангажирање за давање таква помош, бидејќи за таква одлука немаме надлежност – изјави првиот човек на Советот на Битола, Валентин Груевски.

Наспроти тоа што иницијативата на опозиијата за помош на самохраните мајки брзопотезно беше одбиена, на денешната седница мнозинството на Советот донесе одлука од средствата на општинскиот буџет да се издвојат милион денари за помош на ранливите категории граѓани. М.М.