Со панихида и полагање цвеќиња на рускиот крст на Германските гробишта, Амбасадата на Руската федерација денеска во Прилеп го одбележа 1 Авуст – Денот на сеќавањето. Бројни делегации, од ЛС, од Министерството за одбрана, АРМ, воени
аташеа од неколку странски држави, руски фирми, од Македонско руско друштво
Прилеп, се вклучија во одбележувањето во чест на загинатите руски војници од Првата светска војна.

– Се собравме во чест на помен на руските војници кои загинаа во Првата
светска војна, тука во Македонија. Тоа е наш долг, да им дадеме почит на околу пет
илјади загинати руски војници. Првата светска војна беше голема трагедија во која
загинаа многу луѓе. Денеска кога оддаваме почит не ги спомнуваме само жртвите
руски војници, туку и на сите загинати во војната. За нас е ден кога сме должни да
сфатиме какви трагични последици доведува војната, која не може да служи како
инструмент за решавање на проблеми меѓу народите. Нашата порака е во светот да
има мир и човештвото да не дозволи никогаш да не се повтори – посочи рускиот амбасадор Олег Шчербак, на одбележувањето во Прилеп.

Спомен плочата и крстот, поставен во 2014 година на Германските гробишта во
Прилеп е споменик за сите тие за сега незнајни јунаци, чии што имиња Господ ги знае.
Тука се погребани десетина загинати руски војници. Ка.М.