Непознати сторители вчера повторно искршиле жардиниери на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Од ЈПКД „Комуналец“ соопштуваат дека е извршена санација на штетата, а искршените жардиниери се заменети со нови. Додаваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Од почетокот на годината зачести уништувањето на урбаната опрема во Струмица, а сторителите досега не се пронајдени.