На утрешниот верски празник Илинден, во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ кај Кичево, ќе биде одбележана годишнината од прогласувањето за светци на Пречистанските преподобни маченици Светите Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, кои биле монаси во овој манастир во 16 век и кои настрадале кога храмот бил нападнат од османлиската војска а тие за ширење на христијанската вера биле обезглавени.

Тројцата монаси воедно претставуваат првите светци прогласени од новата преродена македонска православна црква. Чинот на нивното прогласување за свети се случи на 2 август 2012 година. Покрај одбележувањето на овој чин, во манастирот ќе биде служена и Света божествена литургија по повод големиот верски празник Илинден, а традиционално на овој ден, храмот го посетуваат голем број на верници од кичевијата као и од соседните општини и градови. З.А.