Газменд Укали ја прима наградата постхумно доделена на неговиот татко/Фото: Зоран Антоски

На пригодна свеченост Општина Кичево ги додели наградите за достигнувања на личности од три области – медицината, културата и спортот.

Од областа на спортот, личност за 2020 година е Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија, кој даде огромен придонес во успесите на македонската фудбалска селекција, која за првпат обезбеди пласман на Европско првенство.

Од областа на културата наградата му припадна на Голуб Ќерими, за освоено прво место на Меѓународниот натпревар на гитаристи „Џејсон Ричардсон“.

Од областа на медицината постхумно е награден д-д Џевдет Укали за покажаната одважност во борбата против ковид-19. Газменд Укали беше презадоволен што во оваа селекција постхумно е награден и неговиот татко, Џевдет Укали, кој од почетокот на корона-кризата целосно се посвети на лекувањето на болните, со цел да даде што поголем придонес во нивното излекување.

Исто така постхумно е награден и Висар Алими, каратист од овој крај кој освоил многу први места на државни и меѓународни натпревари.