фото: Зоран Антоски

Во Кичево и во Македонски Брод за овие парламентарни избори рекорден број граѓани (134), се пријавиле да гласаат во домашни услови, како и три лица со ковид-19, лица во самоизолација и карантин.

– Во нашата општина каде што ќе се гласа на 43 избирачки места, за гласање во домашни услови се пријавија вкупно 134 граѓани и по разгледувањето на овие барања, прифатени се дури 130. Кај овие лица ќе се гласа на 14 јули од страна на избирачките одбори кои се таму одредени, додека трите барања поради ковид-19 , самоизолација или карантин, кај нив ќе се гласа на 13 јули понеделник, а нивните домови ќе ги посети избирачки одбор составен од три медицински лица и претставници на политички партии – рече Лена Милошеска, претседател на ОИК за општина Македонски Брод.

З.А.