Синдикатот на АД ЕСМ донираше прехрамбени производи за вработените во ковид-центрите во неколку градови во државата. Вкупно 600 пакети млечни производи беа доставени до медицинскиот персонал во ковид-центрите во Битола, Струга, Кичево, Гостивар и во Кавадарци, како помош и поддршка за вработените и нивните семејства во текот на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, кои голем број медицински лица и технички персонал ги поминаа на работните места грижејќи се за тешко болните пациенти.
На овој начин АД ЕСМ и Синдикатот изразија благодарност кон чуварите на јавното здравје за пожртвуваниот ангажман во сите овие месеци на борба со ковид-пандемијата. Синдикалната организација на АД ЕСМ својата општествена одговорност во борбата против коронавирусот ја изрази во повеќе наврати во изминатати месеци
донирајќи заштитни средства, средства за хигиена и дезинфекција, и прехранбени
производи на граѓани во повеќе градови. Исто така, Синдикалната организација
неколкупати обезбеди донации за ковид центрите низ државата, согласно локалните
потреби, додека за ковид-центрите во Битола и во Кичево даде наменска донација за
обезбедување систем за довод на кислород во болничките простории, се истакнува во
соопштението на Синдикатот на АД ЕСМ. М.М.