Фото: Принт-скрин

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, вечерва изјави дека „протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем“.

– Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „Гласот на светлината“ од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, страдаат сите скопјани и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно. Но, во секој случај создава една голема непријатност за целосното функционирање и ќе мораме да посветиме внимание тоа да го решиме – рече Пенов во интервју за телевизија Телма.

Во врска со бројните проекти во Скопје кои се или заглавени или чија реализација воопшто не започнала, Пенов изјави дека потребите на граѓаните на Скопје не смеат да бидат занемарени поради некакви блокади или други причини, па затоа и скопската градоначалничка Данела Арсовска гледа интерес тие проекти да профункционираат.

Приватните автобуски превозници за утре најавија нова блокада во центарот на Скопје, поради, како што велат, неисплатени долгови кон нив од ЈСП Скопје.