Доцна попладнево северен ветер кој почна да дува со силен интензитет, придонесе големи количества прашина која доаѓаше од површините на новите фотонапонски централи, за час да се замрачи небото над градот и неговата околина.
Со голо око беше видливо како огромни облаци од црвенкаста прашина ветерот ги носи од северната страна кон јужните делови во градот и регионот.
Од вработени во РЕК Осломеј ни беа наведени причините за големите облаци од прашина, а граѓаните беа вчудоневидени од оваа глетка.
-Ова беше глетка каква што не се случува секој ден, кога силниот ветер прашината од површините каде се градат двете фотонапонски централи ја донесе над градот и за час го затемни небото над Кичево..Потешките честички набрзо паднаа на подлогата, додека поситните честички кои се и полесни,останаа високо на небото и ќе се таложат тогаш кога ќе заврне дожд – вели граѓанин на Кичево очевидец на оваа појава .
Оваа прашина и прашината која се крева од трасата на новиот автопат во изградба Кичево –Охрид, и во текот на летото го претворија Кичево, во еден од најзагаденбите градови во земјава, потврдуваат и резултатите од редовните мерња на квалитетот на воздухот.
З.А.