Нацрт-планот за парите од Европскиот фонд за конкурентност води кон нееднаквост во распределбата на финансиите за државите членки на ЕУ
- Нацрт-текстот на Европскиот фонд за конкурентност означува победа за побогатите држави како што се Германија или Франција, кои инсистираат финансирањето да се доделува првенствено врз основа на критериуми засновани на заслуги. Посиромашните држави тврдат дека распределбата треба да ја одразува и географската рамнотежа, предупредувајќи дека „строг тест за извонредност“ би им одел во прилог на земјите со посилни иновативни системи и подлабок институционален капацитет
- Европа сепак се обидува да се префрли во „ЕУ со две или повеќе брзини“, односно во „ЕУ со привилегирани членки и оние што не се“. Во наредниот период ќе бидеме сведоци каде либералните елити од Брисел ќе ја класифицираат Унгарија. Распределбата на парите од фондот пластично ќе го отслика тоа
Според нацрт-измените на преговарачкиот текст за повеќегодишен финансиски рамковен договор до кој дојде истражувачкиот тим на реномираниот медиум „Еурактив“, се констатира дека „побогатите земји членки на Европската Унија би можеле да добијат предност во однос на посиромашните конкуренти во пристапот до предложениот Европски фонд за конкурентност од 400 милијарди евра на Унијата“!
Иако во документот (нацрт-текстот) за кој амбасадорите на ЕУ треба да дискутираат в петок, на 17 април, во Брисел се вели дека „со посветеноста на извонредноста, ЕЦФ (фондот) ќе обезбеди еднакви можности за пристап до финансирање, ќе го подобри развојот на бизнисот, ќе ги зајакне соработката и градењето капацитети за да се ослободи иновативниот потенцијал низ цела ЕУ“, многу економски аналитичари не се согласуваат дека со нацрт-текстот им се даваат еднакви можност и на државите членки на ЕУ за распределба на парите.
Парите се наменети за оживување на економијата на ЕУ, но не за рамномерен развој на државите членки
Документот е подготвен од Кипар, како носител на ротирачкото претседателство со ЕУ. Како критериум се става таканаречената „посветеност кон извонредност“, што била „во сржта на функционирањето на фондот“. Имено, фондот претставува „дел од долгорочниот буџет на ЕУ по 2027 година, или поточно дел од повеќегодишната финансиска рамка (МФФ), која е дизајнирана да ја оживее забавената економија на Унијата“.
Според финансиските аналитичари, „текстот означува победа за побогатите држави како што се Германија или Франција, кои инсистираат финансирањето да се доделува првенствено врз основа на критериуми засновани на заслуги“.
Посиромашните држави тврдат дека распределбата треба да ја одразува и географската рамнотежа, предупредувајќи дека „строг тест за извонредност“ би им се доделил во корист на земјите со посилни иновативни екосистеми и подлабок институционален капацитет.
Нагласокот на т.н. извонредност како критериум е засилен и на други места во текстот. Во нацрт-документот се вели дека принципот треба да се применува и низ сите столбови на „Хоризонт Европа“ (водечката истражувачка програма на ЕУ), со формулација означена со задебелени букви заедно со клаузула во која се наведува дека „Хоризонт“ ќе биде „воден од принципот на извонредност“. Прашањето стана едно од најспорните во преговорите за следниот седумгодишен буџет на ЕУ!
Посиромашните ЕУ-членки протестираат со нонпејпер
Во документ дистрибуиран претходно годинава, група побогати земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Шпанија, тврдеа дека парите од ЕЦФ (фондот) треба да се доделуваат „врз основа на критериуми што обезбедуваат дека само најдобрите проекти се финансираат во однос на нивниот квалитет и влијание“.
Спротивно на тоа, конкурентски документ (во форма на нонпејпер) лиферуван од посиромашните ЕУ-земји, вклучувајќи ги Бугарија, Романија и Полска, повика фондот да промовира „географска рамнотежа“ и „инклузивно учество на земјите членки во стратешки индустриски вредносни синџири“.
Во нонпејперот, исто така, се нагласува дека политиката на кохезија, долгогодишна главна прераспределбена гранка на буџетот на ЕУ, која ќе биде намалена во рамките на следниот мултифункционален финансиско-реформски план, останува одговорна за поддршка на „целокупната конкурентност“ и „отпорните регионални економии“.
Европа, сепак, според гореприкажаното, се префрла во ЕУ во две или повеќе брзини, со привилегирани членки и оние што не се. Во наредниот период ќе бидеме сведоци каде либералните елити од Брисел ќе ја класифицираат Унгарија. Распределбата на парите од фондот пластично ќе го отслика тоа. Р.С.
Маѓар бара начин за одмрзнување на средствата од ЕУ, Брисел чека конкретни реформи
Мински полиња на унгарскиот пат до европските пари
Најитен приоритет за Петер Маѓар по изборната победа во Унгарија претставува исполнувањето на предизборното ветување „да се вратат дома“ средствата од Европската Унија на Унгарија, пренесуваат светските медиуми, но Брисел останува претпазлив со најавите дека очекува реформи од новите унгарски власти пред да им овозможи пристап до европските пари.
За потсетување, вкупно 17 милијарди евра од средствата за економски развој на Унгарија моментално остануваат замрзнати, поради неисполнување на „стандардите на ЕУ за борба против корупцијата, обезбедување независност на судството, како и спорови околу академската слобода и анти-ЛГБТК законот на Унгарија“.
Притоа, околу 2,12 милијарди евра се трајно изгубени. Но Унгарија и Европската комисија треба да се договорат за користење речиси 10 милијарди евра грантови и заеми до крајот на август. Секое продолжување ќе бара едногласна согласност од 27-те земји членки!
Унгарија се казнува со еден милион евра дневно за непочитување на правилата на ЕУ за азил, а Маѓар има поригорозна политика за емигрантите од Орбан
Политиката за азил и миграција на Унгарија исто така може да ги зголеми тензиите. Унгарија се казнува со еден милион евра дневно за непочитување на правилата на ЕУ за азил, што е рана главоболка за новата влада, која сака јавните финансии да бидат на постабилна основа. Маѓар во понеделникот изјави дека Европа „лошо управувала“ со миграцијата, осврнувајќи се на настаните од 2015 година, кога повеќе од еден милион луѓе побарале статус на бегалци. Тој рече дека „повеќето земји доцна сфатиле дека нивниот почетен став не е добар“.
Но ставовите на Маѓар се во согласност со преовладувачкото расположение. Од 2015 година политиките на ЕУ се движеа во потврда насока, на пример со растечката поддршка за центрите за миграција во странство и построгите наредби за депортација. Во меѓувреме, не е јасно како Маѓар ќе се справи со прашања како што е анти-ЛГБТК законот на Орбан.
Брисел бара конкретен увид во планираните политики на новиот унгарски премиер
Лидерите на ЕУ наскоро ќе добијат увид во размислувањата на Маѓар како унгарски премиер. Неговите први посети на надворешна политика ќе бидат во Варшава, а потоа во Виена. За некои аналитичари, изоставувањето на Берлин – главниот економски партнер на Унгарија – од листата изгледа како деградирање.
– Брисел ќе чека конкретни реформи од Петер Маѓар, пред да отклучи милијарди замрзнати средства од ЕУ – предупреди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен при изборните честитки до Унгарија упати и предупредување дека замрзнатите средства од ЕУ нема да бидат ослободени сè додека новата влада не поведе иницијатива за поништување на одлуките на Виктор Орбан, што е чувствително прашање за Маѓар.
Според извори од ЕУ, Брисел би можел да одмрзне дури 35 милијарди евра средства од ЕУ што моментално се задржани поради спорови со владата на Орбан во заминување. Сепак, Фон дер Лајен рече дека Брисел треба да види резултати пред да се создадат услови за исплата на парите од ЕУ наменети за Будимпешта што моментално се задржани.
Со оглед на обемот на победата на Унгарија, очекувањата за реформи што се пријателски настроени кон ЕУ исто така се зголемија.
– Комисијата сè уште не дознала како Унгарија планира да владее, а дотогаш Маѓар ќе биде држен на краток поводник – рече еден висок функционер на ЕУ, а пренесе „Еурактив“.
Фон дер Лајен исто така рече дека Брисел треба да преземе чекори за да ја искористи промената на владата во Будимпешта и да премине на гласање со квалификувано мнозинство за заедничката надворешна политика на ЕУ, што потенцијално би создало политичко минско поле за Унгарците, кои освоија многу гласови од евроскептичните гласачи. Во моментов секоја земја може да стави вето на заедничката позиција на ЕУ, што често го користеше заминувачката унгарска влада. Р.С.
































