Фото: Собрание/медиа

Од ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудуваат како што велат, мизерниот и навредлив говор кој Талат Џафери го упати кон пратеникот Игор Јанушев и бараaт итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана.

– Џафери треба да сфати дека не е во шума или на ливада со стадо, од каде очигледно го влече примитивниот однос, туку заради сила на околности, и тој е дел од законодавниот дом, каде треба да поаѓа од демократски принципи на меѓусебно почитување. Џафери треба да е свесен дека нема да се толерира напад врз малолетни деца, иако неговата цел е подгревање на инциденти и ширење на тензии, со цел де фокус од фактот дека неговиот син положил правосуден испит без завршен факултет – соопштија од партијата.

Македонија е демократска држава и сите треба да бидат еднакви, а не привилегирани како синот на Џафери, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Џафери да не игра на картата на ниски страсти и да се брани дека некој наводно го нападнал или навредил неговиот син, тоа не е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, напротив, наша одлика е законите да важат подеднакво за сите. Во насока на создавање на здраво општество бараме Џафери јавно да се извини за кажаните закани и навреди кон пратеникот Игор Јанушев – велат од опозициската партија.