Унгарските најави ја загрижија Европската унија - Будимпешта / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Андраш Симор, поранешен гувернер на централната банка на Унгарија, кој одигра клучна улога за Унгарија да излезе од финансиската криза со помош на Меѓународниот монетарен фонд, пред неколку дена на телевизијата АТВ изјави дека сериозно се зголемуваат шансите Унгарија да ја напушти ЕУ!?

Апокалиптични најави за имплозија на Европската Унија

Унгарија се приближи до сценарио за потенцијално напуштање на Европската Унија, изјави поранешен гувернер на централната банка.
Андраш Симор, кој помогна Унгарија да се насочи низ финансиската криза кога бараше помош од Меѓународниот монетарен фонд, рече дека излегувањето од Унијата не е сигурно остварливо сценарио, но дека и тоа е во игра и дека и тоа е можно.
– Нејзината веројатност, ако беше 10 отсто минатата година, досега е зголемена на 20-30 отсто – изјави тој за телевизијата АТВ пред неколку дена.
Буџетскиот дефицит на Унгарија се зголеми до рекорд, откако премиерот Виктор Орбан се вклучи во трошење пред минатогодишните избори, на кои победи.
Унгарија исто така има највисока инфлација и клучна каматна стапка во ЕУ, во време кога помошта од ЕУ од над 30 милијарди долари останува блокирана. Тие средства беа задржани од Унијата поради отстапувањето на владата во однос на демократските заложби и наводната корупција.
– Се плашам дека унгарската влада ќе ја доведе земјата во ситуација во која излезот од Европската Унија ќе стане вистинска алтернатива – изјави Симор за јавноста.
Ставот не само што ги вчудовиде граѓаните на Унгарија туку силно одекна и во Брисел.