Во Франција, овие парламентарни избори беа доживеани како трет круг на претседателските избори. Да потсетиме, Макрон едноставно го помина првиот круг од претседателските избори, под изговор за поважни работи (претседателството на Франција со ЕУ). Во вториот круг најпрвин ја презеде економската либерална програма на традиционалната десница. Иако гласачите јасно ставија до знаење колку им значат неумерениот европеизам, глобализам и антинационализам на републиканците, кредитирајќи ја кандидатката на традиционалната десница со 4 отсто од гласовите. Тој потоа, како и сите претседателски кандидати од Ширак до денес, ги повика левите и десните умерени гласачи да формираат републикански фронт против екстремната десница! Но партијата на Марин Ле Пен одамна е многу нешта, но, реално, екстремна десница веќе одамна не е!

Анализа: Франција по изборите (2) Голема промена и за Макрон и за Ле Пен

Не е можно претседателот Макрон да не знаел како ќе реагираат Французите на неговите провокации: со гнев што тешко се контролира. Значи, токму Емануел Макрон е одговорен за тектонските промени што произлегуваат од гневот на француските гласачи, кои му покажаа дека можат да направат сѐ што тој тврди дека не може, уште од 2017 година, кога му го доделија првиот претседателски мандат. Макрон се пожали дека ги имал Жолтите елеци и кризата со коронавирусот во неговиот претходен мандат и дека во неговиот нов мандат повторно има поважни работи: војната во Украина. Затоа гласачите решија да му дадат демократски клуч за решавање на сите проблеми. Патриотите на Марин Ле Пен успеаја да обезбедат 89 пратенички места (17,3 отсто), наместо 8-те што ги имаа дотогаш. И тоа наспроти францускиот мнозински изборен систем, кој претходно ја спречуваше да ги преточи изборните резултати во пропорционален број пратеници и да формира значајна пратеничка група.

Зошто резултатот на Ле Пен се смета за историски успешен?

Резултатот на Ле Пен е уште позначаен затоа што таа, за разлика од Макрон и Меланшон, не коалицира со никого. Немаше политичка партија, дали од левиот или од десниот политички спектар, која вулгарно не ја нападна. Дури и Ерик Земур, самопрогласениот нов лидер на радикалната десница, ја навредуваше и ја повика да се повлече од местото лидерката на француските патриоти. По неуспешната претседателска кампања, за време на која се покажа дека Земур ги претставува само интересите на француската патриотска буржоазија, тој конечно сакаше да коалицира со Марин. Но, без разлика на нападите од сите страни, таа не отстапи од јасно поставената политичка линија за која од гласачите бараше мандат, од стратегијата на скромност во медиумските настапи и сеприсутност на теренот заради контакт со гласачите.
Напротив, Меланшон во НУПЕС го собра целиот лев спектар, кој се одликува со често непремостливи идеолошки разлики. Гласајќи за НУПЕС, гласачите повеќе сакаа да порачаат дека левицата не е мртва. Притоа, јасно беше дека повеќето од нив не ја гледаат оваа „неверојатна“ формација на чело на државата. Така, на познавачите им беше јасно дека Меланшон нема да биде премиер на Макрон во коалициската влада. Како поранешен социјалист, Меланшон на таа политичка партија, која изумира, бидејќи повеќе не се разликува од десничарските либерали, ѝ ја дофрли изборната коалиција НУПЕС како појас за спасување. Тоа резултира со респектабилен резултат на левата формација: 131 пратеник (31,6 отсто). Меѓутоа, оттогаш веќе никој не смета на постизборно единство на левичарската коалиција. Во т.н комунистичкото крило на народниот блок треба да се започне со реформи што водат кон враќање на републиканските принципи. Со спасувањето на социјалистите, партијата Непокорени на Меланшон покажа полоши резултати отколку на последните избори и ќе има помалку пратеници. Ова е дополнителен можен избор на триење во левичарските политички групи во Народниот парламент.
Резултатот на републиканците (традиционална десница) на парламентарните избори е помалку катастрофален отколку на претседателските: 61 пратеник или 7 отсто. Сепак, тоа е само одраз на традиционалното територијално прицврстување на републиканската политичка клиентела. Републиканците и социјалистите што не се приклучија кон формацијата на Макрон се првите жртви на деполитизацијата на власта. Без нова идеолошка рамка, тие се осудени на исчезнување.
Деполитизираните кадри од нивните редови ги собира Емануел Макрон. Неговата Изборна конфедерација заедно собира 245 (38,6 отсто) пратеници. Така, француските гласачи, на повикот на претседателот да се обезбеди апсолутно мнозинство, одговорија „не“. Тој се пожали на Жолтите елеци, па му донесоа пратеници во Народното собрание што тврдат дека ќе ги застапуваат нивните проблеми на тешкиот крај на месецот. Ако не, Жолтите елеци повторно ќе излезат на улица.

Последици од изборните резултати

Француските гласачи, по најздодевните претседателски избори во поновата историја, организираа парламентарни избори како трет круг од претседателските и предизвикаа тектонско нарушување. Традиционалниот француски политички пејзаж е уништен. Гласачите не го оспорија реизборот на Емануел Макрон, кој го задржа мнозинството, туку избраа состав на парламент што совршено одговара на сложената мисла, односно на теоријата што воведува почитување на природните закони (продуктивен дијалог меѓу спротивностите), и поради кој Макрон, во исто време, предизвика интерес на политиколози и недоразбирање на пошироката јавност.
Имено, нема начин конфедерацијата „Заедно“, како политичка групација на умерена левица и десница, да произведе каква било реформска енергија. Може само да го одржи постојниот поредок, во кој нееднаквостите меѓу победниците и губитниците на глобализацијата станаа дефинитивно неодржливи. Напротив, со технократите што ги собра околу себе, францускиот претседател би можел да управува со продуктивната реформаторска енергија – онаа што ќе ја произведе демократскиот дијалог меѓу вистинските суштински спротивности на левицата и десницата во новиот национален парламент. Така, неговиот личен успех зависи токму од неговата храброст практично да го примени она што теоретски го брани. Или ќе се соочи со вистински антагонизми во француското општество, или неговиот метод на „лево и десно, истовремено“ ќе остане запаметен како обид за измама.
Вистина е дека политичката стабилност ги преокупира Французите. Сепак, тоа е многу политизирана нација, на која не ѝ се допадна обидот да се деполитизира власта. Односно, обидот да се отстрани политичкиот карактер на власта во име на политичкиот прагматизам (технократија), кој теоретски, на крајот, секогаш треба да победува при соочувањето на идеократиите – форми на политичко организирање во кои власта се практикува во име на идеологијата.
Затоа, првата санкција на гласачите против новоизбраниот претседател, наместо деполитизација, е максимална политизација на власта. Втората санкција е дефинитивен крај на стратегијата на Републиканскиот фронт на леви и десни гласачи против екстремната квазидесница.
Тие санкции отвораат ново, клучно прашање. Бидејќи Макрон има петгодишно искуство и знае дека кога ќе побара нешто од Французите – тие го прават токму спротивното, дали навистина беше трагично неук кога отворено ги провоцираше? Или, всушност, сакаше да го предизвика гневот на Французите и „парламентарна револуција“? Дали резултатите од парламентарните избори ги исполнуваат предусловите за преродба што Макрон ја најавува во вториот мандат?
Сè е можно. Како и да е, исходот на француските парламентарни избори ги потврдува анализите, според кои на надворешната и на домашната политичка сцена државата влезе во ера на борба блок против блок, а која ќе трае. На меѓународната сцена тече борбата меѓу атлантисти и Евроазијци (војната во Украина). Копија на оваа блоковска борба на национално ниво е борбата меѓу елитистичкиот и народниот блок. Како што потврдуваат француските избори, народниот блок е посилен, но го изедуваат стерилните битки меѓу неговите националисти (Марин Ле Пен) и комунистичкото крило (НУПЕС). Единствено што може да се посака е да останат идеолошките дуели во европските парламенти. Да не се прелеваат на улица и да не добијат оружена форма.

(крај)