Во здраво тело здрав дух
На 23 мај во спортската сала на основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ во Скопје се одржа 51. издание на карате-настанот со најдолга традиција во Македонија, Лорд куп.
Оваа средба на младите каратисти, на возраст од единаесет години и помлади, протече во убава спортска атмосфера, без никакви забелешки од страна на учесниците и другите присутни.
Иако во тој период голем број македонски каратисти отпатуваа на Европското првенство во Германија, што ја намали присутноста на клубовите, сепак, тоа не влијаеше на еланот на младите каратисти да ја прикажат убавината на овој убав спорт. Познато е дека каратето се одликува со дисциплина и почитување, меѓусебно и кон повозрасните и помладите од себе.
За најдобар цртеж на 51. Лорд куп беше прогласена ликовната творба на карате-клубот Минта од Охрид,
По настанот, некои од тренерите и членовите на организацијата направија заедничка средба на која ги сумираа впечатоците и даваа забелешки за подобра организација во 2027 година. Особен акцент беше ставен на одредени дополнувања, заради одбележување 60 години карате во Македонија.
Текст и фото:Карате-клуб Аеродром



































