Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2026, традиционално, како и секоја година, ги презентира најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон, САД.
Фестивалот почнува на 1 јуни и ќе трае до 6 јуни, а во селекцијата на играни филмови е македонскиот филм „Рано изутрина“ од Јани Бојаџи, како и анимираниот филм „Неми филмови“ од Крсте Господиновски, докуменитрните филмови „Антипод“ од Бојан Секулоски и „Ветена земја“ од Ќендим Ријани. Со македонско малцинско ко-продуцентско учество во селекцијата се вклучени и босанскиотигран филм „Павиљон“ на Дино Мустафиќ и албанскиот „Танцување со сенките“ на Плутон Васи.
Од другите наслови во селекцијата вреди да се одвојат црногорскиот игран филм „Образ“ на Никола Вукчевиќ, кој беше во конкуренција за Оскар за Најдобар интернационлен филм, како и краткометражниот „Галактички плектрам“ од Семих Елилатли, кој беше во конкуренција за Оскар од Турција во категорија Најдобар краток филм.

Фото: Приватна архива

Шеснаесеттото, онлајн издание на фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа, се организира во соработка со универзитетите: Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон.
За наградите на фестивалот ќе одлучуваат три жирија, француско, германско и американско, составено од еминентни филмски и литературни публицисти и критичари.
Наградените филмови од фестивалот, подоцна ќе бидат презентирани во рамките на проектот Балканофилмофилија во Македонија, како и во повеќе други градови од Балканот, како што тоа беше случај и минатата година во Подгорица, Нови Сад и Софија.
Покрај покровителството од Министерството за култура на Република Франција, УНЕСКО и Министерството за култура на Црна Гора, ја продолжува традиционалната поддршка на фестивалот како еден од најважните промотори на културата на земјите од Југоисточна Европа во европските и светските центри.
Во досегашната историја на оваа манифестација која стана културен прозорец на новите имиња на синеасти кои за првпат ги презентираат своите остварувања во двата најголеми центри на Европа, досега се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови.
Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со Academia Balkanica Europeana, фестивалот ги воведе признанијата Легенди на Југосточна Европа во која ги вреднуваше опусите на режисерските великани како, Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, Боро Драшковиќ. Оваа година виското признание му припадна на познатиот српски режисер Слободан Шијан (SEE Film Legend 2026). Актерите Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Раде Шербеџија, Јон Карамитру, Емир Хаџихафисбеговиќ, Милена Зупанчич, Арта Доброши, Ања Шоваговиќ-Деспот беа некои од досегашни добитници на признанието Актер, односно Актерка на Југоисточна Европа, а оваа година добитици на ова престижно признание се црногорската актерка Вања Ѓукиќ (SEE Actress 2026), и бугарскиот актер Валентин Ганев (SEE Actor 2026).
Признанието за животно дело во областа на филмската документаристика „Гран При Фредерик Росиф 2026“ кое го носи името на еден од најпознатите автори на документарниот филм во светот, ми припадна на францускиот докуметарист Бертранд Деле.