Фото: Маја Јаневска-Илиева

Петков контра ставот на Радев

Вистината е дека Бугарија загуби 30 години во тие односи, истакна бугарскиот премиер Кирил Петков реагирајќи на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно кажа дека неговата неодамнешна посета на Скопје била избрзана.

Радев има замерки за посетата на Петков и за македонското „избегнување“ на Софија

–  Мојата посета, не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Не моја, како премиер, посетата беше задоцнета бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон, јасни цели и точен пристап. Не можев да издржам да ја одложувам посетата ниту за еден ден – порача Петков, изразувајќи жалење дека Бугарија загубила толку многу години.