Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека следната мисија на партијата е претседател на државата.
-Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец, вториот пат повеќе нема да биде тема кога ќе има втор премиер Албанец, бидејќи и премиерството ќе биде дел од сузбивање на етничкиот монопол. И само уште една позиција каде што има етнички монопол е претедателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ. Ова е визијата и мисијата на Али Ахмети, кој како што сум кажал мандат по мандат, поглавје по поглавје, дел по дел го создава мозаикот на неговата визија – изјави Османи на партиски настан во Чаир.