Илустрација / Фото: ЦУК

Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен соопшти дека во 4.45 часот денеска во ОВР Кичево било пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар.

-При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, информира МВР.