Фото: ЕПА

Според анализите на воените експерти во врска со трендот на намалување на бројот на војската во редовен состав на европските армии, се истакнува дека „во врска со овој предизвик, повеќе не се работи толку за регрутирање (недостиг од прилив) нови војници, туку за убедување на веќе постојните ангажирани војници и офицери да не си заминат од војската“. Овој тренд на намалување на воениот персонал не е изразито присутен само во Германија, туку е забележителен и во другите земји на НАТО: Франција, Британија, Данска, Полска, Хрватска итн.

ЕУ се соочува со сериозен тренд на намалување на бројот на активниот воен состав на сопствените армии

Годишниот извештај доставен до германскиот парламент покажа дека во 2023 година, околу 1.537 војници ја напуштиле германската армија (Бундесверот), при што таа сега е во намален број и изнесува 181.514 лица.

Војската заминува бидејќи во касарните се соочува со многу пониски стандарди на живеење отколку што е навикната

Специјалната комесарка за вооружени сили на Бундестагот, Ева Хогл, рече дека враќањето некоја форма на регрутација е еден од начините да се свртат работите, но опфаќањето на жените е поочигледен потег за да се запре падот бидејќи потенцијалот таму е „далеку од исцрпен“.
Законодавството донесено минатата година се обидува да ги направи условите попривлечни, вклучувајќи и поголема поддршка за згрижување деца и зголемени пензиски пензии. Нема само проблеми со часовите, туку и основна инфраструктура. Во една исклучително сликовита изјава за медиумите таа го изнесе својот став.
– Кога ги посетувам војниците, повеќе не слушам дека недостигаат шлемови и заштитни елеци – туку шкафчиња – напиша Хогл во годишниот извештај.
Според Хогл, поправката на касарните и воените објекти ќе чини околу 50 милијарди евра – што е еднакво на половина од вкупниот специјален фонд што Владата го создаде во обид да ги зајакне армиските капацитети од почетокот на руско-украинскиот воен судир.
Германија го укина регрутирањето во 2011 година, но со оглед на тоа што многумина во војската се пензионираат на помлади години, има обновена дискусија за повторно воведување некој вид национален систем за враќање на служба под поволни услови и околности. Во Германија, како дел од напорите за зајакнување на националната одбрана, Владата сака да го зголеми бројот на своите вооружени сили на 203.000 до почетокот на 2030-тите – но регрутирањето оди многу бавно.

Нагорен тренд на напуштање на војската од страна на воените лица ангажирани во армиите и на други европски држави

Нагорниот тренд на намалување на воениот персонал не е присутен само во Германија, туку е забележителен и во другите земји на НАТО: Франција, Британија, Данска, Полска, Хрватска итн.
Според анализите на воените експерти во врска со гореспоменатиот тренд на намалување на бројот на активниот воен состав, тие го лоцирајќи проблемот истакнуваат дека, „во врска со овој предизвик, повеќе не се работи толку за регрутирање нови војници, туку за убедување на веќе постојните ангажирани војници и офицери, да не си заминат од војската“.
Неделава, францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну во тој контекст претстави план за задржување на војниците и офицерите во активна состојба како припадници на вооружените сили и претстави повеќе начини за да го поттикне воениот персонал да остане во униформа.
Една од водечките мерки на францускиот план е да се зголемат пензиите, да се зголемуваат и платите, да се доделуваат и парични бонуси… Сепак, очигледно е дека парите играат улога во тоа да се придобијат воените лица за да останат во активна воена служба. Францускиот план вклучува помош за наоѓање домување и пристап до здравствена заштита и грижа за децата. Двојките кај кои и двајцата работат во Министерството за вооружени сили, дури и ако едниот е цивил, ќе можат заедно да се префрлаат на работните места.
Но експертите, кои имале увид во предлог-планот на францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну, сепак, лоцираат повеќе проблематични точки, издвојувајќи дека понудените нови услови не се толку привлечни, не се соодветно вреднувани хроничните прекувремени часови, не се регулирани отсуствата, како и периодите на закрепнување. Во Франција, воениот персонал останува во вооружените сили во просек една година помалку отколку порано.

Како е во некои од другите европски држави

Во Обединетото Кралство, има годишен недостиг од вработувања од 1.100 војници – што е еквивалентно на два пешадиски баталјона – иако Владата склучи договор за регрутирање во приватната фирма „Капита“.
· Во Полска, новата влада претходно оваа година најави зголемување на платите за околу 20 отсто во обид да ги задржи војниците. Минималната месечна плата за војник се зголемува од 4.960 злоти (1.150 евра) на 6.000 злоти (1.388 евра).
· Данска, во недостаток на војници и офицери од својот редовен армиски состав, планира да го прошири воениот состав со вклучување на жените.
· Хрватска размислува да го врати задолжителниот воен рок.
За земјите што се потпираат на професионални армии, предизвикот е да ги направат вооружените сили привлечни – нешто што е тешко да се направи во време на ниска невработеност, во време на жестока конкуренција од приватниот сектор и во време на етаблирање на т.н. „работа на далечина“. Уште едно решение е регрутација за задолжително служење на воениот рок, но тоа кај повеќето европски земји е крајно дискутабилно… Во секој случај, експертите напоменуваат дека во време на сѐ поголемо продлабочување на воените конфликти, недостигот од обучена армиска жива сила значи и силно ослабување на потенцијалите на армиите, што во вакви услови, воопшто не е за потценување. Р.С.