Насловната страница на празничниот број на весникот „Нова Македонија“ предизвика голем број позитивни реакции меѓу читателите, кои во овие бурни времиња и премрежиња со кои се соочува македонскиот народ знаат дека во одбраната на националните интереси секогаш ќе можат да се потпрат и да сметаат на весникот што се роди токму во оној момент кога се создаваше македонската државност.
Позитивните реакции, пофалби, убави зборови од читателите, мотивацијата од пошироката јавност, се само уште една потврда дека
„Нова Македонија“ не е само обичен хроничар на секојдневните настани туку своевиден светилник, кој низ својата професионална работа, информирање, истражувања, анализи во функција на домашната јавност, го осветлува патот кон сеопштиот просперитет и благосостојба на Македонија.
Она што е главна заложба на првиот македонски дневен весник е и во иднина да остане чувар на најсветото нешто што го имаме сите заедно, чувар на светоста Македонија. Во продолжение пренесуваме дел од реакциите на читателите.

Честитки за Илинден и за насловната страница на празничниот илинденски број на нашиот весник

 

@Tesla369Tesla: Овој тираж треба да е 500.000

Љупчо Димовски: Секоја чест и голема почит кон уредништвото на „Нова Македонија“ за изборот и содржината на насловната страница на илинденскиот двоброј. Чувари на македонското слово.

Билјана Ванковска: Прекрасна насловна!

Александар Бузлевски: „Нова Македонија“ е македонски весник.

MK Dijaspora Europe: Насловната страница на „Нова Македонија“ за двобројот за 1 и 2 август. Одлична!

Мирослав Пендаровски: „Нова Македонија“ – најстариот, најдобриот и единствено неизвалканиот дневен весник во Македонија.

Снежана Стојчевска: Голема чест ми е што мојот текст за македонскиот јазик е објавен во празничниот двоброј на „Нова Македонија“. Честит Илинден! Македонија вечна!

Гоце Чакар: Вонсериска насловна на „Нова Македонија“!
Тоа е медиум којшто е вграден во темелот на македонската држава и секојдневно нас помладите нѐ информира, едуцира и за нас истражува и анализира што значи да бидеме нераскинлив дел од нашата татковина и што може ние да направиме за неа!
Големо благодарам до мојот весник!

Доне Прентоски, Германија: За „Нова Македонија“ да ви кажам дека сум воодушевен. Насловната страница за празников е историска! Ни треба обединување на Македонците од различни религии и идеологии! Поздрав до вас на цела редакција од „Нова Македонија“. Ви посакувам многу успех и понатаму да им се дава простор на вистинските патриоти да ѝ се презентираат на македонската јавност. Мислам дека во новинарството и медиумите во Македонија, „Нова Македонија“ е единствена светла точка во тунелот. Сѐ друго се полтрони и препишувачи од социјални мрежи и интернет. Сигурно и за вас не е лесно во ова време, каде што македонизмот е од многу центри напаѓан. Вие го браните и секогаш го промовирате, тоа и ве прави посебни во медиумскиот свет во Македонија. Голема поддршка од мене и заеднички ќе се бориме. Македонизмот сепак ќе победи во Македонија.

Ацо Калан: Кило сол
На прстите на една рака можат да се избројат годините кога имало малку од малку пристојност на Илинден. Без оглед дали се работи за Крушево, Скопје, Пелинце или Прохор Пчињски. Кулминацијата е секогаш и редовно на Мечкин Камен. Оваа година, дали поради горештините или од некои други причини, посетителите беа малку поскраја (на паркингот во Демир Хисар), па изостана зовриениот амбиент. На сите им е јасно дека таквата атмосфера ја создаваат политичките партии.
Вчера преку Јутјуб ми се појави една турбокреација, која совршено одговара на празничниот амбиент што го создаваат политичките елити. Разликата е само во тоа што „Маестро Челик“ пее за нивната месна „заЈедница“, а нашиве дилбери така се однесуваат со државата.
Дневниот весник „Нова Македонија“ од петни жили се потруди, како визуелно така и содржински, да им ја понуди на читателите комплексноста на празникот Илинден. Во историскиот распон од Крушевската Република преку заседанието на АСНОМ, до и по денот на независноста, 8 септември. Редакцијата на весникот се потрудила и тоа многу околу фактите, рефлексиите и контроверзиите што ги следат овие историски настани.
Никако да ми пројде тоа „солено чувство“ што сме современици на еден процес што 120 години ја влечка и не може да ја заокружи државата со сите нејзини атрибути.

Јани Бојаџи: Бескрајно се радувам што сум дел од „Нова Македонија“, а со тоа и дел од сегашните, минатите и идните Илиндени. За многу години.

Златко: Ми ја доставија „Нова Македонија“ на најјужната точка на Пелопонез, каде што во моментот се наоѓам. Насловна страница за навек! Гордост е секојдневно да се чита нашиот весник! Имам чувство дека секој ден во неделата читам неделник со анализи, а не дневен весник!

Рејмонд Редингтон: Браво, цареви!

Соња Михајлова: Денот ми почна со весник пред Илинден… за честит да ни е со сите 120 г.

Зоран Титиев: Оригинално. Браво.

Виолета Цветковска: Браво за креативноста!

Мајка Македонија: Насловна која ѝ го исполни срцето на Мајка Македонија – празничниот двоброј на весникот „Нова Македонија“.

Мартин Клинчаров: Браво за дизајнот!

Весна Кираџиева: Честит Илинден, Македонијо! Илустрација на Ласко Џуровски за насловната страница од празничниот илинденски двоброј на првиот македонски дневен весник – „Нова Македонија“.

Душица Мрѓа: Многу јака насловна, браво!

Сузана Горгиева: Честит празник за Македонците насекаде во Европа.