Како на Балканот нашите соседи ги решаваат меѓусоседските односи

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ го изрази својот револт од „одбивањето на Софија да го признае постоењето на српско национално малцинство во Бугарија“.
– Бугарија не ги признава националните малцинства, но од друга страна толку многу протестира за лошата состојба на Бугарите во Србија. И тоа е веќе точно… Но кога ќе им кажеме, а и на Србите во Бугарија, тогаш тие одговараат: нема Срби во Бугарија. Ах, тоа значи дека велиме дека нема Бугари во Србија. Тогаш нема проблеми со бугарското национално малцинство – изјави за домашната и за меѓународната јавност српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
– За какви внатрешни работи се зборува денес во Европската Унија?! За некои Бугари, кои се само во Србија 0,26 отсто од нашето население? Толку има Бугари во Србија! Но на секој состанок на Европскиот совет, Бугарија го поставува прашањето за правата на бугарското национално малцинство? – изјави Дачиќ на почетокот на јануари 2020 година на српската државна телевизија, потсетуваат бугарските портали.
Бугарските медиуми ја пренесуваат оваа негова изјава како уште една провокација на Дачиќ во однос на Бугарија.