Во околности на кои сите сме сведоци, под тешко издржлив пресинг, нашите „носители на иницијативата за уставни измени“ како да ја губат целосната слика што точно и што во целост би донеле уставните измени, во еден севкупен уставноправен контекст на промени, при што нашите функционери се фокусираат само на „задоволување на апетитите на европските емисари и апаратчици, кои го повторуваат ултиматумот за промена на Уставот што треба да го исполниме за отворање на кластерите!?“
Ако се отвора Уставот, тоа првенствено треба да биде заради зацврствување на националниот карактер на државноста, а не заради задоволување на уценувачките „европски“ услови
Според „упатствата“ од т.н. француски предлог (што е надвор од принципите на меѓународното право и Копенхашките критериуми за прием во ЕУ), Македонија ќе може да го продолжи преговарачкиот процес, односно да ги отвора поглавјата од преговарачката рамка кога ќе ги внесе Бугарите во својот устав.
Токму поради тој услов, македонската држава и Владата се под перманентен силен надворешен притисок од низа високи европски претставници, но и од Бугарија, како членка на ЕУ.
Ќе попуштиме ли под тешката канонада на уцени и пресинг од европските емисари
Во околности на кои сите сме сведоци, под тешко издржлив пресинг, нашите „носители на иницијативата за уставни измени“ како да ја губат целосната слика што точно и што во целост би донеле уставните измени, во еден севкупен уставноправен контекст на промени, при што нашите функционери се фокусираат само на „задоволување на апетитите на европските емисари и апаратчици, кои го повторуваат ултиматумот за промена на Уставот што треба да го исполниме за отворање на кластерите!?“
Според нашите соговорници, „замаглувањето на видот на носителите на иницијативата за уставни измени, за тоа што всушност носи отворањето на Уставот, најсликовито се препознава во изјавите на споменатите носители на проектот за што побрзи измени во Уставот. Имено, кај нив „нема да чуете дека со измените на највисокиот правно-политички акт најпрвин и како приоритет треба (де факто и де јуре) реално да биде вратена конститутивноста и сувереноста на македонскиот народ во државата што ја создал, туку тие изјавуваат дека најдобри „се оние уставни измени со кои ќе ги отвориме кластерите по ноември и до 2030 година ќе станеме членка на ЕУ“!?
Со ваквите избрзани изјави, според соговорниците, тежиштето на отворање на Уставот се става на „полтронското задоволување на апетитите на Европа, која директно се меша во внатрешните конститутивни елементи на Македонија“, а не на насушната потреба државата да се ресетира и да си го врати карактерот на „национална држава на македонскиот народ“ и на сите други малцинства што живеат во неа! Значи, приоритет да им биде даден на нашата држава, народ и национални малцинства, а не на апетитите и непредвидливите ветувања на европските емисари.
Додворувањето нѐ донесе во состојба на аморфен државенентитет
Со експертите се консултиравме по прашањето дали ни се потребни паушални, неплански и без визија непромислени чекори за отворање на Уставот, само за да се задоволат непринципиелните услови на ЕУ за продолжување на преговорите, или превосходно ни се потребни суштински уставни интервенции, по принципиелен европски модел, кој ќе ги зацврсти темелите на сувереноста на македонската држава, македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во Македонија?
– Смешно, дури апсурдно е да го отвораме и менуваме Уставот само за да ги отвориме поглавјата во преговорите со Европската Унија. Тоа претставува голем конститутивен и државен ризик, само за започнување на еден процес без извесност кога и како ќе заврши. Уште ако се земе предвид незаинтересираноста на ЕУ за проширување, што многупати ни била покажана, треба да ни биде јасно дека „европската иднина“ е претворена во излитена фраза на нашите македонски политичари. Таа излитена фраза за европска иднина е претворена во национална цел, а во суштина не значи ништо. За таква нејасна цел не можеме да менуваме устав на три години. Во овие услови, нешто поприфатливо би било менување на Уставот за да се приближиме до оној концепт на граѓански устав, според кој, сите би биле Македонци, со одредено етничко потекло. Досега, за жал, не успеавме да изградиме македонска нација од граѓаните на Македонија. Но многу поважно е со овој концепт да се оттргнеме од канџите на бинационална држава, каде што нѐ туркаат албанските партии со барањата за бришење на формулацијата „јазикот што го говорат 20 отсто“ со „албански јазик“, што е вовед во федерализација. Но за секое отворање на Уставот мора граѓаните да се изјаснат, дали воопшто сакаат тој да биде отворен, зашто Уставот им припаѓа на граѓаните, а не на политичарите и на партиите – вели професорката Солза Грчева, претседателка на Глас за Македонија.