Фото: Маја Јаневска-Илиева

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе подели два милиона денари ако се пласира на Европското првенство (ЕП) во Германија в година. Оваа одлука беше донесена на седницата на Управниот одбор на РФМ. Црвено-жолтите се во група со Португалија, Луксембург и со Турција и по четири одиграни кола имаа четири бода. До крајот на квалификациите за ЕП 2024, Македонија треба да игра уште со Луксембург на гости (26 април) и со Турција во Скопје (30 април). Г.И.