Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски повторно молчат и уште еднаш повика на дебата на кој било медиум и кое било време во интерес на вистината и интерес на граѓаните, при денешната посета на општина Јегуновце.
– Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту, пак, сум јас важен, ниту кој било од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно, транспарентно, да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам. Го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена практика во неговиот живот. Да не дезертира овој пат, да излеземе и да се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не – нагласи Мицкоски.