Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи тврди
Спорни за Македонија биле два члена од предлог-договорот за решавање на меѓудржавниот спор што лани го доставила бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, како што откри шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.
Османи посочи дека со договорот кој Захариева му го дала минатиот декември, се барало Македонија да потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја.
Засега, според министерот, нема идеја за потпишување нов договор со Бугарија.