Престануваат да важат мерките за намалување на загадувањето во Скопје, откако мерните станици измериле помалку од 100 микрограми ПМ10 честички на кубен метар (границата за алармирање треба да надмине 150), соопштија надлежните службите на денешниот брифинг на градоначалничката Данела Арсовска во Град Скопје.

Истовремено, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Скопје извести дека од утре четврток прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани која беше донесена во рамки на пакетот мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

Министерството за животна средина посочи објави дека средните дневни концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и во Струмица.

Ова го покажале податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ), со што се посочува оти високото ниво на концентрации на ПМ10 честички на петте мерни места паднало под прагот на алармирање, по два дена.