Фото: Макфакс

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вечерва од Куманово порача дека неговата партија ги отвора сите врати за соработка.

– Ние сме партија која ги отвора сите врати за соработка и многу е битно да имаме добри односи со сите – потенцира Гаши.

Објаснувајќи ги идните чекори на делување на партијата, тој подвлече дека се е отворено и дека ги слушаат, пред се, идеите и се консултираат со нивните активисти.

– Имаме широки консултации, и во нашите партиски органи ќе одлучиме за тоа што е најдобро за партијата – вели Гаши.

Додава дека Алтернатива е партија која од неодамна е во опозиција, но преку средбите со граѓаните сакаат да го чујат гласот на нивните избирачи.