Фото: Игор Бансколиев

Њу Јуроп

Опстанокот на Преспанскиот договор зависи од тоа колку Заев ќе допре до грчката јавност, која ги поддржува другите партии, настрана од СИРИЗА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 2 април треба да ја оствари ветената посета на Скопје, главниот град на Македонија, која беше најавена со голема помпа на Економскиот форум во Делфи на почетокот на март. Ова ќе биде првата посета на Ципрас како премиер и втора официјална посета во државата. Голем број на брзо составени билатерални договори ќе бидат потпишани како дел од ветувањата, иако важноста на овие договори ќе биде доведена во прашање, затоа што се наближуваат грчките парламентарни избори.

Политичката состојба во Грција и натаму е деликатна, затоа што Ципрас заостанува значително во анкетите во кои речиси постојано 60 отсто од грчките граѓани се против ланскиот билатерален договор за решавање на спорот за името. Македонскиот премиер Зоран Заев мора внимателно да ги одбира следните потези ако оди во посета на Грција пред наредните парламентарни избори, за да не испровоцира поништување на Преспанскиот договор.

Загрозен договор, загрозени лидери?

Иако Ципрас се надева дека ќе ја искористи посетата за да ги зајакне своите лични ингеренции како можност за да влијае врз регионалната стабилност, сепак, главното прашање што повеќето граѓани во двете држави го поставуваат е кога тој ќе ги закаже грчките парламентарни избори кои треба да се одржат до октомври. Многумина сè уште се надеваат дека изборите ќе се одржат заедно со европските на крајот на мај. Македонија самата има (директни) претседателски избори закажани за 21 април.

Иако сè уште има многу работа во подобрување на билатералните односи, изборната динамика во двете држави, како и постојаниот низок рејтинг на Ципрас во анкетите, ќе опфати и голем дел од она што ќе се случува на посетата на Ципрас. Како домаќин на Ципрас во Скопје, Заев мора да најде начин за да го подобри неговиот имиџ кај повеќето грчки граѓани кои сè уште во голема мера ги презираат неговите чести јавни коментари за „македонската националност и јазик“, за кои многумина Грци жестоко го обвинуваат Ципрас, затоа што многу лесно му ги предал на Скопје во ланските преговори за Преспанскиот договор. Несомнено, за ова Ципрас ќе плати висока цена на претстојните избори и ќе биде главна тема во сите дискусии за неговиот пристап кон прашањето за името.

Економскиот аспект не е само за фалење

Ципрас сака да претстави дека посетата ќе се фокусира на најважните економски и трговски цели и се надева дека ова ќе го искористи за делумно да го врати рејтингот на неговата партија во Северна Грција. Тој ќе отпатува во Скопје заедно со деловна делегација од над 70 бизнис-лидери и голем број на министри. Ќе бидат потпишани низа на билатерални договори, вклучувајќи го и договорот за избегнување на двојно оданочување.

Некои грчки бизнис-лидери, исто така, одбија да ги поддржат владините напори за подготвување на посетата, во кои беше вклучена и посебната посета на Ципрас во Солун на 29 март, на која се дискутираа новите трговски можности кои беа најавени по потпишувањето на Преспанскиот договор. Ципрас беше цел на жестоки критики за време на посетата.

Контроверзните аспекти на Преспанскиот договор, вклучувајќи ги новите билатерални процедури за преговарање околу прашањето за брендовите и за заштитните обележја, генерално наидуваат на негативни реакции кај грчките индустријалисти, кои досега не бараа никаква дозвола за да ги наречат нивните производи „македонски“ сè додека се во согласност со европските прописи. Противењата на бизнисмените за Преспанскиот договор се поврзуваат со ова прашање, на кое силно се потпира главната грчка опозициска партија Нова Демократија додека Преспанскиот договор го претставува како предавство на Северна Грција.

Опозицијата и политичките аналитичари не ја изоставија иронијата за грчкиот премиер кој ќе ја предводи делегацијата во Скопје, за да дискутира за трговијата и можните грчки инвестиции, кога самата Грција очајно бара странски инвестиции и остварува многу мал напредок.

Покрај обидите на Ципрас да ги нагласи позитивните аспекти на Преспанскиот договор како отворање на нови можности, историјата покажува дека грчките компании успешно изнајдоа начини за да склучат големи инвестиции со Скопје по одредувањето на привремената спогодба за името со тогашна ПЈРМ. Познавачите бараат детали за какви нови инвестиции станува збор, наспроти оние што грчките компании ги склучија или купија пред многу години, и кои потоа ги продадоа.

Можно проширување на врските во енергетиката

Една област каде што може да се очекува напредок е областа на енергетиката. Грчките компании одамна се активни во транспортот на гориво до Македонија преку Солун и грчки финансираниот гасовод, кој веќе е еден од главните енергетски увозни канали во земјата. Во медиумскиот брифинг пред посетата на Ципрас, грчкиот министер за животна средина и енергетика, Јоргос Статакис, изјави дека грчките енергетски компании покажуваат силен интерес во меѓусебната поврзаност, како и проширувањето на гасната, електричната и нафтената мрежа помеѓу Грција и нејзиниот северен сосед.

Странската поддршка за посетата ќе биде употребена против Ципрас

Во предизборната тензична атмосфера во Грција, критичарите на Ципрас ќе бараат докази во меѓународните медиуми за нивната главна теза дека Преспанскиот договор всушност го наметнаа надворешни актери. Така, твитовите со поддршка од странските лидери и организации како НАТО или ОН ќе бидат искористени против Ципрас, а позитивните пораки на невладините организации кои го поддржуваат Преспанскиот договор и северноатлантската интеграција на Македонија ќе бидат исмеани во Грција.

Дали Заев треба да ја посети Атина?

Иако е обврзан да оствари повратна посета во Атина доколку добие покана, ваквата посета на Заев пред грчките парламентарни избори, исто така, може да биде лоша инвестицијата и сигурно ќе ја стави во незавидна положба неговата држава ако Нова демократија дојде на власт, бидејќи посетата во наредните неколку месеци би можела да го зајакне и онака силниот впечаток дека врската на Македонија со Грција зависи од брзото губење на влијанието на партијата на Ципрас СИРИЗА.

Заев мора внимателно да го испланира следниот потег ако оди во посета на Грција пред изборите, или во дискусиите за прашањето за националноста да избегнува провокација за можно поништување на Преспанскиот договор, што нема да биде многу загрижувачко за повеќето грчки граѓани, ако се точни најновите анкети, односно што би било сметано за добра вест во Северна Грција.

Подготвила: Билјана Здравковска