фото: Фејсбук

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вечерва во Телевизија 24, истакна дека новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, кој наследува одговорност за автобуската несреќа и кризите во земјава нема да промени ништо, затоа што Заев се’ уште ќе ја води политиката на партијата.

– Денеска е точно 20 дена од автобуската несреќа во Бугарија, а во Македонија нема одговорност, нема никаков виновник, нема разрешен случај, а веќе поминаа и три месеци и една недела од модуларната болница во Тетово, 60-тина наши сограѓани живи изгореа, на пеколен начин ги загубија животите, а одговорност во Македонија нема – вели Стоилковски.

Во големата трагедија во Бугарија во автобус на превозникот од Тетово „Беса транс“ животот го загубија 45 лица, а седуммина се повредени.