фото: Фејсбук

Снајперист пукал во случајни минувачи во Холивуд додека обожавателите се собрале кај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез.

Нема повредении, а напаѓачот е уапсен, јавуваат тамошните медиуми.

Обожавателите се собрале на „Булеварот на славните“ во Холивуд покрај ѕвездата на починатиот мексикански пејач Висент Фернандез кога околу 19 часот во нив почнал да пука непознато лице од снајпер.

Напаѓачот пукал од прозорецот на неговата зграда.

Сведоците кажале дека виделе некој како држи оружје на прозорецот, неколку минути откако напаѓачот почнал да пука.

Мотивот се’ уште не е познат.

Областа беше евакуирана, а полициски хеликоптери го прелетаа булеварот во Холивуд.