Претседателот на Владата, Оливер Спасовски го прими Сали Лимани, кандидат за иден амбасадор на нашата земја во Казахстан.

Спасовски на Лимани му посака успешно привршување на подготовките пред неговото заминување на должноста амбасадор, како и успех во неговите претстојни активности како наш амбасадор во Казахстан.

Кога ќе ја преземе амбасадорската функција, Сали Лимани ќе биде вториот амбасадор во Казахстан, земја со широк потенцијал за соработка.