Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарите во Македонија очекуваат поактивна културна, духовна и образовна размена со Бугарија.

По средбата со претставниците на Центарот за култура „Иван Михаилов“ од Битола, Радев потсети дека Софија очекува неповратни резултати од Скопје во градењето добрососедски односи, пренесе Бугарското национално радио.

Овој процес, како што рече Радев, бара Македонија да ги почитува правата на своите граѓани, кои се дефинираат себе си како Бугари, а творештвото на бугарските преродбеници да се издава без редакциски интервенции.