Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ позитивни на ковид-19, Никола Мицевски и Ангелина Петкова, пристигнаа во Собранието во скафандери, за денешната седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата. Тие дојдоа со свои возила, а во Собранието влегоа по отпочнување на седницата.

Пред Собранието беа пречекани од новинарите, а спроведени од службите. На седницата беа сместени во салите за превод, секој одделно.

– Се надевам дека овојпат нема да има кривични пријави за биолошки тероризам – рече Талат Џафери на седницата, по што даде пауза.

Ова е вторпат како пратеници доаѓаат во скафандери да гласаат. Претходно, во април годинава, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска со скафандер и со амбулантно возило пристигна за да обезбеди кворум во Собранието иако беше заразена со ковид-19.

Тогаш, тоа наиде на критики од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Поради ова, од Левица беше поднесена и кривична пријава за биолошки тероризам