Фото: Игор Бансколиев

Кастриот Реџепи од БЕСА не се појави на закажаната седница за недоверба на Владата од 11 часот. Според неофицијални информации, тој не е ниту достапен на неговите телефони, со што ниту неговите колеги не можат да го искомуницираат. Пратеникот Фадил Зендели исто така пратеник од БЕСА, на барање на новинарите да одговори каде е неговиот колега, рече дека попосле ќе се слушнат, без да даде конкретен одговор.

На повиците не одговара ниту Билал Касами, претседател на БЕСА и поранешен пратеник. Според неофицијални информации, ниту семејството на пратеникот Реџепи кој не е во Собранието на седницата, а се потпиша на иницијативата, не знае каде е тој.

Талат Џафери ја напушти седницата во Собранието за да не биде 61 пратеник, кој ќе направи кворум на седницата. Ова доаѓа откако заврши пребројувањето на пратениците во салата.

Џафери кажа дека продолжението ќе го води потпретседателот на Собранието, бидејќи тој не е поддржувач на иницијативата за недоверба на Владата.

– Не сум поддржувач на иницијативата и нема да бидам 61 тука – рече Џафери и ја напушти седницата.

Седницата продолжи со потпретседателот на Собранието.

Потоа, Дафина Стојановска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара и доби еден час пауза.