Се очекува Собранието од 8 јуни да го продолжи одржувањето на седниците во пленарната сала, ако добие дозвола од Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска остварил средба со претседателот и со членовите на Комисијата, кои извршиле и контрола на салите и помошните простории за да се констатира дали се исполнети условите за одржување на пленарните седници во сала Македонија.

Џафери преку Фејсбук порача дека очекува позитивен одговор од Комисијата, со верба дека законодавниот дом ги исполнува препорачаните услови за работа.

Пленарните собраниски седници од почетокот на пандемијата се одржуваат во Салата со Купола поради запазување на препораките, но во оваа сала нема систем за електронско гласање, така што гласовите се бројат рачно.