Не се работи за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, потврди премиерот Заев Заев, одговарајќи на новинарски прашања во однос на шпекулациите дека СДСМ и ДУИ ќе излезат со заеднички кандидат Албанец за градоначалник на главниот град на претстојните локални избори, односно за изненадувањето кое треба да го соопшти лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Не се работи за тоа. Се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер и логично е да ги оставам за деталите да разговараат тие. Се работи за политичка платформа – изјави Заев.

И од ДУИ ја негираа информацијата дека владејачките партии ќе излезат со заеднички кандидат. Заев вчера изјави дека Ахмети утре ќе соопшти убава вест, без да прецизира за што станува збор.