Технолошкиот гигант „Гугл“ лансира алатка со вештачка интелигенција што ќе им помогне на корисниците сами да дијагностицираат стотици заболувања на кожата. Од корисникот се бара да направи три фотографии каде што има проблем со кожата, да одговори на неколку прашања за да помогне во анализата и да добие релевантни резултати, користејќи вештачка интелигенција.
Новата алатка за откривање проблеми со кожата на „Гугл“ може да открие 288 проблеми и да обезбеди едноставни медицински информации.
Тимот што ја создаде алатката го обучи моделот на милиони слики со проблеми со кожата, илјадници слики на здрава кожа и 65.000 слики во клинички амбиент. Моделот ги зема предвид факторите како што се возраста, типот на кожата, полот и националноста кога сугерира на можни ситуации. „Гугл“ исто така работи и со истражувачки тим од универзитетот „Стенфорд“, за да тестира како работи алатката во здравствена средина.
Во моментов, алатката е сè уште во фаза на тестирање и се очекува да биде пуштена подоцна оваа година, но во зависност од локалните регулативи, можеби нема да може да се активира на глобално ниво. Меѓутоа, во Европа таа доби СЕ-сертификат како низок ризичен медицински производ, иако не е замена за професионална медицинска анализа или третман.