Поднесени се седум приговори за локалните избори од политичка партија ТМРО, до денеска, заклучно до 10 часот, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Приговорите, како што е напоменато во соопштението, се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.