Владата одлучи да формира совет за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Според одлуката на последната седница одржана во Куманово, во советот ќе членуваат премиерот Зоран Заев, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, шефот на дипломатијата Никола Димитров, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, и Горан Василевски, раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

На седницата Владата го утврди и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.