Фото: Маја Јаневска-Илиева

„Кога неколку секунди значат живот“ е мотото на двете приватни здравствени установи „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“, кои нудат здравствени услуги што се висококвалитетни, а не се скапи за граѓаните

Приватната здравствена установа „Никоб медикал“ им е на располагање на граѓаните преку соодветни здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување јавни настани. Вчера во хотелот „Хилтон“ се одржа презентација на услугите на оваа компанија, во присуство на врвни доктори од приватното и јавното здравство, кои имаа свои стручни излагања.
Она што увидовме дека недостига е брза медицинска реакција, па затоа целта ни беше за граѓаните да обезбедиме квалитетна помош кога им е потребна. Во методолошкиот пристап видовме дека недостигаат навремена превентива, анализи и квалитетна лабораторија. Видовме дека недостигаат и брза медицинска реакција, домашна посета и аплицирање терапија во домашни услови. И се решивме да инвестираме токму во тоа што недостига, а недостига тоа што е тешко, неисплатливо. Ние инвестиравме во услуги што се потребни и таму каде што државниот систем има недостатоци. Наша цел се граѓаните и нивното здравје. Наш предизвик е брзата медицинска интервенција, која треба да биде квалитетна и достапна. На крајот, ние ќе бидеме тие што ќе ги срушат нефер цените, поради кои народот е буквално опљачкан. Затоа нашиот интерес се клиентите – рече Кире Лазаров, сопственикот на „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“.
Информации за сѐ што нуди оваа приватна здравствена установа има на веб-страницата nikobmedical.mk. Претседателот на Македонското лекарско друштво, проф. д-р Горан Димитров, истакна дека на државата ѝ недостигала ваква услуга, која се темели на одговорна и стручна работа.

Д-р спец. супспец. Татјана Баевска Вучковиќ, стручна директорка на „Никоб медикал“ и на „Никоб лаб“, кажа дека придонесува за достапна услуга на сите оние на кои им е потребна.
Оваа пандемија ни покажа колку е важна примарната здравствена заштита. Јас имам можност од првиот ден да бидам дел од основањето на „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“. Имаме високософистицирана опрема, имаме интегриран систем во областа на биохемијата, а меѓу другото, целта е и нашиот тим да се стекне со знаења. Интересот ни е задоволен пациент – рече Баевска Вучковиќ.
Проф. д-р сци. Аспазија Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести, се согласи со тоа дека ваков тип услуги ѝ недостигале на државата. Таа зборуваше за имплементацијата на централниот регионален транспорт на витално загрозени новородени деца, која започнала уште во 2000 година.
Триесет отсто од неонаталните проблеми бараат транспорт. Ова не може да го работи секој. Ова што го гледате е практично мини-болница, ова е транспортен инкубатор во кој е сместен целиот живот. Во него има куп жици и мора да знаете која жица за што е. Многу е важно да се мониторираат виталните параметри. Со ова спасувате не само едно дете туку цело едно семејство – рече д-р Софијанова.