Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска престојува во посета на Република Македонија.
Тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.
Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.