Педиополиси (трет дел) – нова колумна на Тони Менкиноски во викенд-изданието на „Нова Македонија“
Во новото продолжение од серијалот „Педиополиси“, адвокатот Тони Менкиноски отвора четири навидум различни приказни што водат кон едно исто вознемирувачко прашање.
Каква иронија се крие зад сиропиталиштето во Солун што го носело името на Свети Стилијан – заштитникот на децата, а чии архиви децении подоцна се нашле во центарот на скандал со посвојувања? Како одлуките на грчките судови станале правен штит во американската афера со посвојувањата од 1959 година? Зошто Ефтихија – жена чие име значи „Среќа“ – морала половина живот да ја бара вистината за сопствената мајка, за која на нејзините американски посвоители им било кажано дека е мртва?
И конечно, можеби најголемата историска иронија: зошто токму грчката делегација во Обединетите нации во 1948 година барала присилното пренесување деца од една човечка група во друга да биде внесено во Конвенцијата за геноцид, додека во самата Грција веќе функционирал системот на Педиополисите? Четири приказни. Четири иронии. Едно прашање: случајности или документите кријат нешто многу поголемо?
„Нова Македонија“ – прочитај повеќе!

































