Фото: Фејсбук страница на БоБан Стефковски

Со одлука на Архепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а врз основа на Уставот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, градоначалниците на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и на општина Бутел Дарко Костовски, беа одликувани со ордени „Архепископ Доститеј”.

Фото: Фејсбук страница на БоБан Стефковски
Фото: Фејсбук-страница на Дарко Костовски

Одлукувањето е за придонес при изградбата и украсувањето на храмот „Св. 40 Маченици“ во Смилковци, Скопско.

Манастирот е изграден на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои пред 12 години беа свирепо убиени на ова место.